top of page

Протетика
(Замена на заби)
1. Коронки и мостови
-
Коронките и мостовите се наменети за возрасни пациенти со оштетени, скршени или отстранети заби. Коронката ја покрива целосно оштетената површина на забот, додека мостот ја надоместува празнината помеѓу заби.
-
Процедурата ја изведува стоматолог и трае обично 2–3 посети, вклучувајќи подготовка на забите, земање отпечатоци и поставување на коронката или мостот. Тие ја враќаат функцијата на џвакање и естетиката на насмевката.
Како да знаете дека ви е потребно?
-
Ако имате скршени или ослабени заби, празнини помеѓу забите, чувствувате болка при џвакање или сакате да ја подобрите естетиката и функционалноста на насмевката.
2. Тотални и парцијални протези
-
Тотални и парцијални протези се наменети за возрасни кои имаат изгубено еден или повеќе заби. Тоталната ротеза ја заменува целата забна низа, додека парцијалната ја пополнува празнината помеѓу постојните заби.
-
Протезите го подобруваат џвакањето, говорот и естетиката, и се изработуваат индивидуално за максимална удобност и стабилност.
Како да знаете дека ви е потребно?
-
Ако имате изгубено еден или повеќе заби, имате тешкотии при јадење или говор, или сакате да ја подобрите естетиката и функцијата на забите.
3. Реставрации поддржани со импланти
-
Реставрациите поддржани со импланти се наменети за пациенти со еден или повеќе изгубени заби. Имплантот се вградува во вилицата како вештачки корен а потоа се поставува коронка мост или протеза.
-
Овој третман обезбедува долготрајна стабилност, враќање на функцијата и природен изглед на забите. Времетраењето зависи од сложеноста и времето за зараснување на коската.
Како да знаете дека ви е потребно?
-
Ако имате изгубен заб, сакате трајно решение без стругање на соседните заби или растојанието помеѓу преостанатите заби е големо, или сакате природен изглед и удобност при џвакање.
4. Реконструкција на насмевка
-
Реконструкцијата на насмевката е комплетен естетски и функционален третман за пациенти со повеќе оштетени или изгубени заби. Процесот вклучува комбинација од коронки, мостови, импланти, протези и други естетски интервенции за целосна хармонија на насмевката.
-
Третманот го изведува стоматолог-специјалист и се планира индивидуално според физиономијата и желбите на пациентот.
Како да знаете дека ви е потребно?
-
Ако имате оштетени, скршени или изгубени заби, неправилна линија на насмевка, функционални потешкотии при џвакање или сакате целосна естетска промена.
5. Прилагодување на загриз и рехабилитација на џвакање
-
Прилагодувањето на загриз и рехабилитацијата на џвакањето се наменети за пациенти со неправилен загриз, проблеми со вилицата или нерамномерно оптоварување на забите. Процедурата вклучува корекција на контактите меѓу забите, стабилизација на вилицата и подобрување на функцијата на џвакање.
-
Овој третман го изведува стоматолог-специјалист и помага да се спречат болки во вилицата, истрошеност на забите и главоболки поврзани со неправилен загриз.
Како да знаете дека ви е потребно?
-
Ако имате болка во вилицата или лице, во виличниот зглоб, отежнато џвакање, често шкрипење со заби или забележувате истрошени заби и неправилен загриз.
bottom of page
