top of page
096A1968.JPG

Ортодонција

1. Фиксни протези (метални и керамички)

  • Фиксните протези се наменети за деца, тинејџери и возрасни кои имаат неправилен распоред на забите, преклопувања, празнини или неправилен загриз. Металните протези се најиздржливи и економични, додека керамичките нудат поголема естетика со транспарентни или белузлави брекети.
  • Третманот го води специјалист ортодонт, а времетраењето зависи од сложеноста на случајот – вообичаено 12–24 месеци. Протезата постојано делува на забите за да ги постави во идеална позиција.
Како да знаете дека ви е потребно?
  • Ако забите ви се преклопени, искривени, имате празнини, нерамномерен загриз, често касате на образ/јазик или сте забележале функционални потешкотии при џвакање.

​2. Невидливи (прозирни) алајнери

  • Невидливите алајнери се современ, удобен и дискретен ортодонтски третман за тинејџери и возрасни. Тие се изработуваат индивидуално со предходно направена анализа  и постепено ги поместуваат забите со помош на серија транспарентни шини кои се менуваат на 1–2 недели.
  • Овој третман е идеален за пациенти кои сакаат ортодонска корекција без метални брикети и со можност за вадење при јадење и миење на заби. Трае околу 6–18 месеци, зависно од состојбата на пациентот.
Како да знаете дека ви е потребно?
  • Ако имате благи до умерени неправилности, сакате дискретен третман, не сакате фиксни брикети или имате професија каде е важно естетскиот изглед.

3. Лингвални протези (скриени брикети од внатрешната страна)

  • Лингвалните протези се целосно невидливи бидејќи се поставуваат на внатрешната (јазична) страна на забите. Третманот го изведува специјализиран ортодонт и е идеален за пациенти кои бараат максимална естетика без компромиси.
  • Секоја лингвална протеза е индивидуално изработена, а резултатите се споредливи со класичните фиксни протези. Времетраењето најчесто е 12–24 месеци.
Како да знаете дека ви е потребно?
  • Ако сакате целосно невидлив ортодонтски третман, работите со јавност, имате сценски настапи или едноставно не сакате видливи брекети.

4. Интерцептивна ортодонција за деца

  • Интерцептивната ортодонција е превентивен третман за деца на возраст 6–10 години, кој има за цел да го насочи растот и развојот на вилиците и да спречи потешки ортодонтски проблеми во иднина. Третманот може да вклучува мобилни апарати, експандери или лесни корекциски уреди.
  • Терапијата го подобрува неправилниот раст и создава доволно простор за постојаните заби, што значително го намалува потребниот третман во пубертет.
Како да знаете дека му е потребно на вашето дете?
  • Ако има тесна вилица, преклопени млечни/постојани заби, отежнато џвакање, дише преку уста, често гризе усна/образ или има рано губење на млечни заби.

5. Ретејнери и терапија за развој на вилица

  • Ретејнерите се користат по завршен ортодонтски третман за да ја задржат новата позиција на забите и да спречат нивно враќање назад. Се изработуваат индивидуално и можат да бидат фиксни или мобилни.
  • Терапијата за развој на вилица е наменета за деца и тинејџери кај кои е потребно проширување, стимулирање на раст или подобрување на позицијата на вилицата. Овие третмани се важни за правилен загриз, правилно дишење и здрав раст на забниот систем.
Како да знаете дека ви е потребно?
  • Ако забите почнуваат да се поместуваат по вадење на протеза, ако имате тесна вилица, неправилен загриз или ортодонт ви препорачал стабилизација по третман.
Закажете термин денес и направете го првиот чекор кон вашето орално здравје и убава насмевка.
bottom of page