top of page

Општа стоматологија
1. Превентивни прегледи и контрола на орален статус
-
Редовните стоматолошки прегледи се наменети за сите возрасти –деца, тинејџери,па сè до возрасни и постари лица. Прегледот го изведува стоматолог и трае околу 15–20 минути.
-
Процедурата вклучува детален преглед на забите, непцата и усната шуплина, откривање на кариес, воспаленија и други стоматолошки проблеми. Редовните контроли помагаат навремено да се спречат поголеми интервенции.
Како да знаете дека ви е потребно?
-
Ако имате крвавење при миење на забите, чувствителност на ладно/топло, лош здив, болка при џвакање или не сте направиле стоматолошка контрола подолго од 6 месеци.
2. Пломби во боја на заб (нано композитни пломби)
-
Композитните пломби се наменети за деца и возрасни кои имаат кариес или оштетување на забот и сакаат природен, естетски изглед. Процедурата ја изведува стоматолог и трае 20–40 минути.
-
При третманот се отстранува кариесот, забот се чисти и се нанесува композитен материјал кој се стврднува со светлина за да обезбеди издржливост и природен изглед.
Како да знаете дека ви е потребно?
-
Ако забележувате темна дамка, дупче, кратка остра болка при контакт со слатко, ладно или топло, непријатен вкус или храна ви останува во истото место.
3. Ендодонтски третман – Лекување на коренски канали
-
Третманот на коренскиот канал е наменет за возрасни и постари тинејџери кои имаат воспаление или инфекција на забниот нерв. Го изведува ендодонт или стоматолог обучен за ендодонција. Процедурата трае околу 60–90 минути.
-
Третманот вклучува чистење, дезинфекција и полнење на коренските канали за да се спречи понатамошна инфекција и да се спаси природниот заб.
Како да знаете дека ви е потребно?
-
Ако имате силна, спонтана, пулсирачка или ноќна болка, оток околу забот, чувствителност при џвакање болка што зрачи кон увото или ако забот почнува да потемнува.
4. Вадење на заби (екстракции)
-
Екстракцијата е наменета за возрасни, тинејџери и постари пациенти кај кои забот е сериозно оштетен, инфициран или не може да се спаси. Ја изведува стоматолог или орален хирург. Процедурата трае 15–30 минути под локална анестезија.
-
Хирургот стоматолог безбедно го отстранува забот, а пациентот добива јасни упатства за нега по интервенцијата.
Како да знаете дека ви е потребно?
-
Ако забот е скршен до корен, предизвикува постојана болка, има голем оток, повторливи инфекции, се ниша или ако е останат само коренот на забот.
5. Дентална хигиена и чистење забен камен (професионално чистење)
-
Професионалното чистење на забен камен е наменето за сите возрасти, вклучувајќи и бремени жени и постари пациенти. Го изведува стоматолог или дентален хигиеничар и трае 20–40 минути.
-
Процедурата ги отстранува каменецот, меките наслаги и бактериите со ултразвук и полирање, што резултира со побели заби и поздрави непца.
Како да знаете дека ви е потребно?
-
Ако имате видлив каменец, крвавење при миење, лош здив, пожолтување на забите или груба површина што се чувствува со јазикот.
6. Третман на заболувања на непцата (пародонтологија)
-
Оваа услуга е наменета за возрасни пациенти со воспалени непца, крвавење, лош здив или подлабоки пародонтални џебови. Третманот го врши пародонтолог и може да трае 30–60 минути.
-
Процедурата вклучува длабинско чистење под непцата, отстранување на конкременти и стабилизирање на ткивото за да се спречи губење на заби.
Како да знаете дека ви е потребно?
-
Ако непцата ви крвават, се повлекуваат, имате лош здив, забите ви стануваат подвижни, чувствувате болка при џвакање или се забележуваат подлабоки „џебови“ околу забите.
bottom of page
